Македонија

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

09 Apr 2021

Сите фирми кои со одлука на Владата ќе бидат затворени овие две недели поради третиот бран на кковид-кризата ќе бидат опфатени со новите мерки.

Од Владата истакнуваат дека е предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош.

Угостителските објекти кои вршат достава може да продолжат да го прават тоа и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење. Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, без послужување во локалите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи повтори дека не може да се дозволи да работат рестораните за свадби додека здравствената криза е во тек, но посочи дека за сите угостителски објекти кои се затворени овој период со одлука на Владата ќе следи економска поддршка и додаде дека Владата во неколку наврати спроведе сеопфатни мерки, во кои, како што кажа, рестораните за свадби беа една од целните групи.

Лани веќе ги поддржавме, но имаме еден проблем со нив, а тоа е дека не можат да се одвојат од останатите, бидејќи мал број од нив се категоризирани според категоризацијата на Министерството за економија. Не може да направиме отстапки за да им се дозволи да работат додека е здравената криза во тек. Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки, истакна Битиќи.

Според оценката на премиерот Заев, полнењето на државната каса оди според планираното, приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година, а добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат се должат на преземените мерки, но и на довербата на деловната заедница во мерките кои овозможија стопанството да не работи во грч туку да ја следи бизнис логиката дури и во вакви услови.

Доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички и сите мерки кои беа донесени, според оценката на премиерот Заев, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8 отсто, наместо -5,6 отсто колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...