Македонија

„Кодинг Горска“ донираше 50.000 литри вода во СЦ „Борис Трајковски“, каде се одвива вакцинацијата

07 Apr 2021

Компанијата „Кодинг Горска“ донираше 50 000 литри вода од палетата на Горска и Горска плус во А1 Арената, Спортскиот центар „Борис Трајковски“,  каде деновиве почна масовната вакцинација на граѓаните. 

„Кодинг Горска“ донираше производи и во Универзитетската клиника за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, Градската општа болница „8-ми септември“ и во интерните клиники во Скопје.

Целиот свет се соочува со огромни предизвици предизвикани од пандемијата. Особено важно е во вакви кризни времиња да ја покажеме нашата солидарност. Сечија поддршка во вакви кризни ситуации е неопходна и добредојдена, изјавија од компанијата.


 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...