Македонија

„Македонија 2025“ донираше лаптопи на 32 деца кои отсега ќе можат да следат онлајн настава

30 Mar 2021

„Македонија 2025“ донираше 32 лаптопа за ученици кои немаат компјутер за следење на онлајн настава во училиштата низ Македонија. Средствата за купување на опремата во износ од 12.000 канадски долари беа собрани преку интернет кампањата за донации со назив: “No child left offline”, од индивидуални донатори со македонско потекло од повеќе земји.

Во координација со Министерството за образование и наука, овие 32 лаптопи се доделија на четири општини во нашата земја. Првите лаптопи веќе се доделени на општините Пехчево и Делчево. Лаптопите ќе бидат доставени до ученици кои имаат најголема потреба, од 6 основни училишта во рамките на општините. Кон акцијата на „Македонија2025“ се приклучи и „Македонски Телеком“, со донација на 10 GB мобилен интернет месечно, за да можат учениците да ја следат онлајн наставата до крајот на учебната година, се вели во соопштението од „Македонија 2025“.

Иницијативата за спроведување на оваа кампања од една страна, велат, била поттикната од сознанието дека над 8.000 деца во Македонија немале опрема или пристап до интернет за да можат да ја следат наставата и активно да се вклучат во образовните програми на Министерството за образование и наука.

Од друга страна, водејќи се од фактот дека образованието е една од најзначајните инвестиции за подобра иднина и основа за раст и развој на заедницата, сакавме да овозможиме еднаков пристап и еднакви шанси за успех за секое дете. Во оваа прилика би сакале уште еднаш да се заблагодариме на сите Македонци и останати донатори ширум светот и од земјава, како и на „Македонски Телеком“, кои се придружија на нашите напори за подобрување на можностите за граѓаните и предизвикувајќи на тој начин позитивни промени во општеството, додаваат од „Македонија 2025“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...