Од вчера почна со работа првиот „Стокомак“ во Радовиш, кој е 51. дисконтен маркет во малопродажната мрежа на компанијата.
Маркетот во Радовиш се наоѓа на улицата Самоилова, бр. 36, во непосредна близина на малата пошта. Се простира на површина од 600 квадратни метри, располага со 4 каси за наплата, а пред маркетот има и 15 паркинг-места. За услугата се грижат 9 вработени.
Маркетот е со нов и променет модерен дизајн, со асортиман од проверени и висококвалитетни 1.200 прехранбени и непрехранбени производи, вклучително и брендови и трговски марки што може да се најдат само на нашите полици, изјавија за InStore од „Стокомак“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.