Македонија

Слободни околу 7.000 работни места - што се бара?

18 Feb 2021

На интернет - страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири.

Во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања.

Вкупно 18.174 лица го загубиле работното место до 31 јануари година откако започна пандемијата по основ на корона-кризата.

Секако бропјката е зголемена за време на пандемијата, нашата пресметка според одјавите, вели дека има приливи и од други основи, од пасивни преминуваат во активни баратели, на пример поради пакетот економски мерки од Владата, рече Демири.

Тој додаде дека бројот на нови пасивни баратели на работа кон крајот на минатата година рапидно се зголемил, затоа што граѓаните масовно се пријавувале во Агенцијата за вработување за да ја добијат еднократната помош.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...