Мерката за субвенции на платите најверојатно нема да се укине и ќе ја има и петтиот антикризен пакет кој ќе се дефинира викендов, најави премиерот Зоран Заев.
Пакетот од околу 16-ина мерки ќе нуди опција за помош во плати или за грант, односно со бескаматни кредити, каде што 10-30 проценти од сумата ќе биде во форма на грантови.Во делот на мерките нормално дека слушнавме од страна на дејностите, на многу други компании, дека не може баш така да ја укинеме мерката субвенции преку плати, колку и да сака Владата да испрати порака за излез од кризата, за рестарт, за почеток после криза, која што треба да го зграпчиме сите и да испратиме пакети и мерки на мотивација и на охрабрување во делот на навлегувањето на инвестициските циклуси се со конечна цел зголемување на продуктивноста и профитабилноста на македонските компании, а со тоа и подигање на БДП, рече Заев.
Петтиот пакет ќе содржи уште петнаесетина мерки за помош на фирмите. Тој ќе тежи околу 50 милиони евра кои се додаваат на сумата од 1,1 милијарда, пари кои Владата минатата година ги обезбеди за излез од кризата
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.