Македонија

Компаниите ќе бидат ослободени од царински давачки за една година

20 јан 2021

Владата ги укинува увозните давачки - царинските стапки за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Одлуката ќе биде во важност од 1. февруари и ќе важи една година, во која паралелно ќе се работело и на намалување и укинување на некои од царинските давачки и усогласување со европската регулатива.

Ова е прва мерка од новиот Петти пакет економски мерки кои ќе ја рестартираат, закрепнат и ревитализираат домашната економија. Укинувањето на увозните давачки - царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали за преработувачката индустрија ќе влијаат на зголемувањето на производството како и зголемување конкурентноста и извозот на домашните производи. Финансиските импликации од оваа мерка, според Министерството за финансии се околу 7,1 милиони евра.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...