Македонија

Развојната банка одобри 5,9 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 3

12 Jan 2021

Развојна банка на почна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУ за Отпорност од ИПА програмата.

Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3.552 вработени. Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и 9 кредитни барања се од трговци – поединци, се наведува во соопштението.

Од Развојната банка додаваат дека најголем дел од компаниите се од Скопскиот регион, и тоа 37%, потоа од Полошкиот регион со 17% и Југоисточниот регион со 14%. Од Југозападниот, Источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања во првата група.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор, се наведува во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...