Македонија

Околу 500 компании ја злоупотребиле државната помош

31 Dec 2020

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во синоќешното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, рече дека одредени компании кои добиле државна помош за исплата на вработените, не ги исплатиле своите работници. Според неа, има околу 500 такви компании.

Можам да кажам дека со состојбата од пред два дена имаме околу 500 компании кои ја злоупотребиле помошта. До крајот на јануари имаме дополнително време да видиме дали ќе се изврши плаќањето за потоа да се извести јавноста. Оние компании кои злоупотребиле за месеците април, мај и јуни, не можат повторно да аплицираат за оваа државна помош затоа што системот автоматски ги одбива, рече Лукаревска.

Станува збор за главно мали фирми. Според неа, компаниите од оваа категорија, сметајќи дека се занемарливи од системот на Инспекторатот, ги чувале парите за себе и не им дале ништо на своите вработени. Казните во вакви случаи се движат од 1.000 до 10.000 евра.

Според анализата за даночните обврзници, кои направиле злоупотреба, станува збор за компании кои имаат од 1 до 5 вработени. Имајќи предвид дека системот не може да ги детектира или дека работат во многу тешка ситуација, тие веќе имаат неисплатени плати. Од друга страна, тие сметаат дека нема да правиме контроли. Не можам да кажам дека казните се мали затоа што станува збор за помали прекршоци кои се движат од 1000 до 10 000 за компании, плус казни што ќе ги изрече Државниот инспекторат за труд, плус кривична одговорност на која ќе инсистираме, рече Лукаревска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...