Македонија

„Алкалоид“ ги награди вработените со по 25.000 денари

28 Dec 2020

Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза и по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ исплати еднократен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари.

Во март годинава вработените на „Алкалоид“ добија и регрес за годишен одмор во нето-износ од 26.718 денари. Моментално во компанијата има 2.371 вработен, од кои 1.832 во С. Македонија и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година беа реализирани 209 нови вработувања.

Помошта во кризни услови е од суштинско значење, особено ако кризата го носи предзнакот здравствена. Поради тоа, во тековната година нашите активности за општествена одговорност имаа засилен интензитет, соопштуваат од компанијата.

Во текот на 2020 година „Алкалоид“ има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра се донирани во С. Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; повеќе од 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на различни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку фондацијата „Трајче Мукаетов“. На листата приматели на донации се здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...