Македонија

Нова поддршка за граѓаните и фирмите – се разгледува петтиот пакет мерки

28 Dec 2020

На почетокот на 2021 година според најавите на Владата ќе следува нова поддршка за граѓаните и фирмите за справување со последиците од корона-кризата.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на вчерашната прес-конференција, потврди дека петтиот пакет ќе биде сличен на претходните.

Со петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, за да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година, изјави Арсовски.

Премиерот Зоран Заев за најавениот петти пакет мерки и неговата содржина, како и временскиот термин од кога тој ќе важи, одговори дека наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Тој подвлече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Досега со економски мерки се поддржани најпогодените од економската криза: повеќе од 30% од компаниите добија поддршка за зачувување на работните места и работниците преку плати, што се движат од 14.500 до 21.778 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...