Околу 300.000 граѓани што ќе добијат 6.000 денари ќе можат да ги користат и по првично предвидениот рок - 25 декември 2020 година.
Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и ќе може да се користат непречено веднаш по уплатата на сметка. Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност, се наведува во соопштението на Владата.
Мерката од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани предвидува граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица што вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници да добијат по 6.000 денари. Исплаќањето на средствата ќе се врши на постојната трансакциска сметка на граѓаните, а за ова се одвоени 27,5 милиони евра.
Веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk сè уште не е ажурирана, но од Владата информираа дека до крајот на неделата ќе биде поставена листата. Тогаш граѓаните ќе можат, со внесување на својот матичен број, да проверат дали се добитници на овие средства.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.