Македонија

Kомисијата за заразни болести предлага угостителските објекти да работат до 18 часот

14 Dec 2020

Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата угостителските објекти да го намалат работното време. Предлогот е кафулињата и рестораните да работат до 18 наместо до 21 часот како што е во моментов, и тоа од 18 овој месец, па до 21 јануари.

Како што појаснуваат на овој начин, ќе се избегнат гужвите и можностите да се организираат поголеми новогодишни прослави во угостителските објекти.

Останува во сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Во претстојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, соопштуваат од Комисијата.

Од друга страна угостителите бараат за време на новогодишните празници да работат до еден часот по полноќ, за што имаа состанок со Комисијата за заразни болести.

Од тоа што се плашевме се случи. Денеска само бевме информирани дека се планира угостителските објекти да работат до 18 часот. Ниту едно од нашите барања не беше разгледано и решението за намалување на работното време беше донесено предвреме и овој состанок со Комисијата беше фарса. Од наша страна беше напоменато дека ниеден објект што ги почитува мерките не е извор на ширење на заразата. Прашавме дали има доказ дека се проширила заразата во некој угостителски објект, ни беше укажано дека такви резултати нема. Трагедијата е што во која било препорака се однесува исклучиво на угостителските објекти, а ингеренциите на државниот инспекторат толку се зголемени што секој што ќе се обиде да се коцка и да не почитува мерки ќе биде веднаш казнет, изјави Здравко Јосифовски до Независната угостителска комора.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...