Вратите на новиот маркет „Зур“ во скопската населба Аеродром беа отворени за потрошувачите на 21 ноември.
Новоотворениот маркет „Зур“, лоциран на булеварот Трета македонска бригада бр. 1, се простира на продажен простор од 333 квадратни метри и располага со асортиман од 5.000 производи. Во маркетот се вработени 12 луѓе, а потрошувачите се услужуваат на 2 наплатни каси.
Горди сме што можеме и во ова време, кога се соочуваме со различни предизвици, да ја прошируваме продажната мрежа. Постојано сме во потрага по нови локации, со цел да бидеме поблиску до нашите потрошувачи, изјавија за InStore од „Зур“.
Како што откриваат од трговската компанија, во тек се подготовките за отворање на нов „Дим маркет“ во населбата Долно Лисиче, кој ќе биде 8. по ред од форматот хард-дисконти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.