Македонија

Новогодишна наградна игра на „Веро“, Пежо 208 е главна награда

19 ное 2020

„Веро“ подготви големо новогодишно изненадување за своите потрошувачи – наградна игра со многу вредни награди и најпримамливи главни премии, автомобил пежо 2008 актив (Peugeot 2008 Active) и телефон самсунг галакси ноут 20 (Samsung galaxy note 20).

Новогодишната наградна игра „Веро повторно ве радува и со ново пежо ве наградува“ почна од 15 ноември и ќе трае до 30 декември. Покрај двете главни премии, наградниот фонд го сочинуваат и голем број вредни награди, како што се 6 таблети, 6 мобилни телефони, 6 телевизори, 6 лаптопи, 30 рачни часовници, како и по 30 вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.

Во наградната игра може да учествуваат сите потрошувачи кои ќе направат сметка од 300 денари за означените промотивни производи во маркетите. За секоја таква сметка добиваат купон, кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии поставени во секој „Веро“ маркет. Секоја сабота со јавно извлекување во „Веро центар“ во Скопје ќе се доделуваат неделни награди, односно по еден таблет, мобилен телефон, телевизор, лаптоп, по 5 рачни часовници и по 5 вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.

Новогодишните и божиќните празници се период на дарување и радување на оние што ни значат најмногу. За нас тоа се нашите ценети потрошувачи. Покрај хуманитарните активности наменети за социјално загрозените категории, годинава по вторпат решивме да ги израдуваме и потрошувачите со многу вредни награди. Големиот интерес за наградната игра што ја организиравме летово ни потврди дека нашите потрошувачи нѐ препознаваат како искрен партнер во кој имаат голема доверба, така што решивме да им ги разубавиме и претстојните празници, изјави Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.

Извлекувањето на главните премии е закажано за 30 декември во „Веро центар“, а имињата на добитниците на неделните и на главните награди ќе бидат објавени на социјалните мрежи на профилите „Веро“ маркети. Сите учесници во наградната игра задолжително треба да ги чуваат фискалните сметки бидејќи без нив нема да може да ги подигнат наградите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Утврден предлог-законот за трговија: задолжителна дезинфекција и редари

23 ное 2020

dm донира респиратори во вредност од 36.600 евра

23 ное 2020

Исплатени околу 15 милиони евра помош за октомвриските плати на над 58.000 вработени

23 ное 2020

Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува

23 ное 2020

Стопанска комора предложи итни мерки за пост-ковид развој на земјоделството

23 ное 2020

Ново XL Бриош пакување од „Жито Лукс“

23 ное 2020
Вчитува уште новости...