Македонија

11. Фестивал на младо вино на „Тиквеш“: И кога сѐ е вонредно, младото вино е извонредно

17 ное 2020

Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, 11-та по ред, ја продолжува традицијата на Фестивалот на младо вино, кој оваа година ќе се одржи онлајн.

Раководејќи се од основната идеја заеднички да се наздрави за првото, младо вино од најновата берба, годинава овој настан се организира и со намера да се создаде позитивна атмосфера и да се придонесе кон охрабрување за наминување на предизвиците со кои сите се соочуваме, велат од „Тиквеш“. 

Под слоганот „И коге сѐ е вонредно, младото вино е извонредно“ програмата на годинешниот фестивал вклучува интересни содржини во изведба на познати уметници и естрадни ѕвезди од нашата земја и регионот кои ќе бидат емитувани „во живо“ од две локации – Кавадарци и Белград, а ќе настапат Влатко Стефановски, Тијана Дапчевиќ, Фрајле и Здружение на џез музичари. Најавено е дека фестивалот ќе го следат голем број вински ентузијасти од земјава и странство, партнери и соработници на „Тиквеш“.

Годинешниот Фестивал на младо вино ќе може да се следи и преку страницата на „Тиквеш“ на социјалната мрежа Фејсбук – Facebook.com/TikvesWinery, во петок, на 20. ноември 2020, во периодот од 19 до 21 часот.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ дава голем придонес за одржување на традицијата на производство на квалитетно македонско вино и градење на препознатливоста на Македонија како винска земја. Овој фестивал е прв и најголем настан од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на проценка на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји – производители на вино.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Стопанска комора предложи итни мерки за пост-ковид развој на земјоделството

19 ное 2020

Ново XL Бриош пакување од „Жито Лукс“

19 ное 2020

Почна повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје

19 ное 2020

„Зендолино“ маркети донираа брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип

19 ное 2020

Вкупно 400 компании ќе добијат финансиска помош од 17,2 милиони евра

19 ное 2020

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

19 ное 2020
Вчитува уште новости...