Македонија

НЛБ Банка воведе можност за бесконтактни трансакции на банкоматите

13 ное 2020

НЛБ Банка воведе можност за бесконтактно користење на услугите на своите банкомати. Оваа иновативна придобивка е достапна за сите корисници на бесконтактни платежни картички, како и за сите корисници кои имаат апликација за мобилен паричник.

Во моментов услугата за бесконтактни трансакции е достапна на 80 НЛБ банкомати низ земајва.

Бесконтактните банкомати овозможуваат едноставни, брзи и безбедни трансакции. Станува збор за надградба на банкоматите со бесконтактни читачи, кои нудат можност за подигнување на готовина и проверка на состојба со доближување на бесконтактна картичка или мобилен телефон преку NLB Pay мобилниот паричник (или преку друга апликација за мобилен паричник). Принципот на бесконтактно подигнување на готовина е сличен на процесот за бесконтакно плаќање, односно корисникот треба само да ја доближи својата картичка или мобилниот телефон на означеното место на банкоматот каде е поставен знакот за бесконтактни трансакции. За секое подигнување на готовина на овој начин, без разлика на износот, неопходно е корисникот да го внесе својот ПИН код заради дополнителна заштита.

Со воведувањето на новата функционалност за бесконтактните трансакции на нашите банкомати направивме, уште еден чекор кон унапредување на нашите услуги, а на клиентите им овозможуваме едноставна, брза и сигурна услуга. Новите функционалности на банкоматот се во прилог на новонастанатата ситуација со Covid вирусот, каде клиентите се почесто сакаат да ги користат дигиталните услуги, но и бесконтактниот начин за вршење на транскации. Преку оваа функционалност повеќе нема ризик банкоматот да ја одземе картичката, а дополнително клиентите имаат можност и воопшто да не носат картичка со себе, туку да извадат готовина само преку својот мобилен телефон, соопштија од Банката.

Повеќе информации во врска со функционалностите на бесконтактните банкомати можете да добиете на телефонскиот број 02/ 15 600 или во некоја од експозитурите на Банката.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Стопанска комора предложи итни мерки за пост-ковид развој на земјоделството

19 ное 2020

Ново XL Бриош пакување од „Жито Лукс“

19 ное 2020

Почна повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје

19 ное 2020

„Зендолино“ маркети донираа брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип

19 ное 2020

Вкупно 400 компании ќе добијат финансиска помош од 17,2 милиони евра

19 ное 2020

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

19 ное 2020
Вчитува уште новости...