Македонија

dm: Работиме успешно и стабилно и покрај предизвикувачките околности

12 Nov 2020

Компанијата „дм дрогерие маркт“ успешно ја заокружи седмата година од работењето на македонскиот пазар, со пораст од 16,5% и промет од речиси 1,1 милијарда денари.

Како што соопштуваат од компанијата, во деловната 2019/20 година (од 1.10.2019 до 30.9.2020 година) dm инвестира повеќе од 45 милиони денари за отворање нови објекти во Скопје и во Струмица, како и за модернизација и проширување на постојните продажни објекти. Синџирот е присутен со 18 продажни објекти во 7 града во земјава.

На ниво на цела групација, „дм дрогерие маркт“ оствари промет од 11,5 милијарди евра. Синџирот дрогерии e присутен во 13 европски земји, со мрежа од 3.765 продажни објекти и повеќе од 62.200 вработени.

Приспособувајќи се на изменетите услови за работа, со запазување на сите пропишани заштитни мерки, успеавме да ги задржиме дрогериите dm како сигурно место за работа и за пазарување. Соочени со можеби најпредизвикувачката година досега, успеавме да докажеме дека можеме да ја задржиме стабилноста во работењето дури и во најнепредвидливите околности. Со брзи и навремени реакции успеавме да одговориме на сите предизвици со кои бевме соочени, а со тоа и успешно да одговориме на потребите на купувачите и на вработените. Им искажуваме голема благодарност на сите вработени, кои со извонредната посветеност и пожртвуваност, придонесоа и оваа деловна година да оствариме двоцифрен пораст на прометот, изјави Весна Стојановиќ, директор на dm во Србија и С. Македонија.

dm е најголемиот понудувач на трговски брендови на македонскиот пазар, со понуда од речиси 4.000 производи. Годинава синџирот ги одбележува и јубилеите на најпрепознатливите сопствени трговски марки – Denkmit го прославува 30. роденден, а Balea и Dontodent прославуваат 25 години на европскиот пазар.

Како компанија, dm е прва и единствена на македонскиот пазар која во целост ги повлече од употреба пластичните кеси, нудејќи им на купувачите еколошки алтернативи. Компанијата продолжува со кампањата „Трајна торба за цел живот“, преку која нуди бесплатна замена на секоја оштетена памучна торба купена во некоја од дрогериите dm.

Во согласност со принципот „Компаниите постојат поради луѓето, а не обратно“, вработените во dm добија 14 плати во текот на годината и дополнителен ковид-бонус во износ од 9.000 денари. Истовремено, им беа овозможени и различни модалитети на работа, активности за зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукации, како и бесплатни систематски прегледи. Со тоа dm дополнително вложи повеќе од 2,1 милиона денари за поддршка на вработените.

Во оваа деловна година, dm го почна и проектот „Амбасадори на здравјето“ за вработените во филијалите, за да се зачува и заштити кичмениот столб при извршување на физички работи. Притоа, вработените добиваат и совети за здрав живот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...