Македонија

Нова кредитна линија од 31 милион евра за малите и средни бизниси

10 Nov 2020

Преку Развојната банка на земјава ќе се реализира нова кредитна линија во износ од 31 милион евра.Ова е нова бескаматна кредитна линија која ќе биде лансирана со грант средства од Европската унија.

Кредитната линија ќе биде отворена за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди 30% грант за компаниите кои се водени или основани од жена, кои вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење.

Вкупниот износ на средства за реализација на оваа мерка изнесува 1,9 милијарди денари (31.000.000 евра) од кои 30.000.000 (триесет милиони) евра ќе се обезбедат преку Делегацијата на Европска Унија а 60.000.000,00 (шеесет милиони) денари или околу 1 милион евра се национално ко-финансирање буџетирани од П1 КОВИД програмата во Министерство за економија.

Владата го задолчи Министерството за економија да префрли 60.000.000 денари од програма П1-Мерки за справување со ковид-19  на посебна сметка на Развојна банка во Народна банка, како буџетски придонес за реализација на мерката.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...