Македонија

Потрошувачката кошница за октомври е 33.704 денари

09 Nov 2020

Вредноста на минималната потрошувачка кошничка за октомври 2020 година изнесува 33.704 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според ССМ, во кошничката, исхраната и пијалаците учествуваат со 14.092,64 денари, домувањето со 10.812,82, хигиената со 2.388,61, а превозот со 2.469,16 денари.

За облека и обувки се потрошиле по 2.157,26 денари, за култура 1.066,79, додека за одржување на здравјето вкупно 716,91 денари.

ССМ потсетува дека согласно последната објава на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата, за август 2020 година, изнесуваше 27.535 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...