Македонија

Сите вработени заболени од Ковид-19 или во изолација ќе бидат платени 100%

05 Nov 2020
Заболените од Ковид-19, лицата кои се во самоизолација и вработените со симптоми ќе добиваат цела плата додека се на боледување, одлучи Владата. 
 
Досега, лицата кои имаа потврден позитивен  тест добиваа 70% од платата, додека останатите , кои беа во самоизолација, 100 отсто. Со новата одлука, оваа дискриминација ќе биде надмината, сметаат работодавачите  и Синдикатот. Надоместокот за првите 15 дена  останува на товар на работодавачот, додека остатокот, во целост ќе ги покрива Фондот.
 
Во Синдикатот се задоволни што Владата го  прифатила нивното укажување дека заболувањето од Ковид - 19 не само кај здравствените, туку кај сите работници изложени на вирусот треба да се третира како професионална болест со право на 100 процентен надомест на плата. Во Правилникот за професионални болести треба да се вметне и Ковид-19, затоа што голем дел од работниците, вршејќи ги своите работни задачи се заразија или им беше определена изолација поради изложеност на вирусот на работното место, се наведува во соопштението на ССМ.
 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...