Македонија

„Прилепска пиварница“ донира на болницата и на брзата помош

30 окт 2020

„Прилепска пиварница“ обезбеди донација на средства во износ од 1.200.000 денари, кои ќе бидат наменети за општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и за Брзата помош во Прилеп.

Дел од средствата ќе бидат директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од инфективното одделение на болницата, како и на вработените во Брзата помош, кои се вкупно 83 луѓе. Другиот дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата. На тој начин, пациентите болни од Ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат медицинската помош.

Сметаме дека е неопходно да дадеме поддршка на целиот медицински персонал што секојдневно се бори со пандемијата на Ковид-19 и им ја овозможува потребната нега на пациентите. Особено е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност, за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите – на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...