Македонија

Признание за „Млекара Битола“

21 Oct 2020

„Млекара АД-Битола“ е една од трите компании кои добија признанија за фирми со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа. 

Плакетите ги додели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Изборот го организираше националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. 

Согласно резултатите од работата на комисиите и оценувањето, покрај „Млекара АД-Битола“, добитници се и компаниите: „ГД Гранит“ и „Макстил АД-Скопје“.

Ова прогласување и доделување на наградите на компаниите го реализираме во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа (од 19 до 23 октомври) и со тоа, заедно со сите останати европски земји, земји-членки на ЕУ и кандидати за членство во Унијата, и нашата држава рамноправно се вклучува во одбележувањето на овие значајни датуми кои се целосно посветени на подигнувањето на свеста кај сите субјекти за прашањата поврзани со безбедноста и здравјето при работа, рече Шахпаска. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...