FMCG Македонија 2023

За практиките на британскиот малопродажен лидер слушнете на 9 FMCG Summit Skopje

05 Oct 2023

Како функционира работата во еден дистрибутивен центар на британскиот трговец бр. 1, како се организирани онлајн-нарачките и кои се активностите што „Теско“ ги презема за да ја намали емисијата на јаглероден диоксид... Дознајте од прва рака – менаџерот за транспорт Бобан Младеновски ќе биде говорник на 9 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи на 26 октомври во „Александар палас“ во Скопје.

Бобан Младеновски е менаџер за транспорт во „Теско“ – Велика Британија, малопродажна компанија број еден на британскиот пазар, со пазарен удел од 27,3% и повеќе од 300.000 вработени.

Тој има завршено Правен факултет во Скопје и е при крај со изучувањето на британското право со специјалност за Англија и за Велс на универзитетот АРУ – Лондон. Неговото (не)формално образование опфаќа и фандрејзинг, работа со правна база на податоци на Обединетото Кралство – „Вестлоу“; сертификати од продажба и од менаџмент; сертификат од Националната здравствена служба на Велика Британија за управување во кризни ситуации.

Професионалната кариера на Младеновски почнува како офис-менаџер во „Менс легис“, Скопје (од 2004 до 2006 година). Следните позиции се: менаџер на тим и одговорен за продажба во „Диро“, Скопје (од 2006 до 2009 година); менаџер на дилерска мрежа во „Киа моторс“ – Македонија (од 2009 до 2011 година); супервизор во „Тун папирус“, Скопје (од 2012 до 2014 година) и сопственик и менаџер на „СМБ груп инт.“, Скопје (од 2014 до 2017 година).

Пресврт во неговата кариера е туристичката посета на Велика Британија во 2016 година, кога стапува во контакт со менаџер во „Лидл“. Следува ангажманот како специјалист за работење на магацин во „Лидл“ – Велика Британија (2017 година). Истата година преминува во „Теско“, каде што најпрвин работи како магацински соработник, а потоа и како координатор во магацин и менаџер во дистрибутивен центар. Од мај годинава тој е менаџер за транспорт во „Теско“ – Велика Британија, со примарен фокус да овозможи безбедна, брза и ефикасна услуга за маркетите, запазувајќи ги сите законски регулативи.

На 9 FMCG Summit тој ќе даде осврт на работата на еден дистрибутивен центар – како пристигнуваат стоките, како се подготвуваат, товарат и се транспортираат до продавниците на „Теско“. Потоа, како се организирани онлајн-нарачките и какви се плановите на трговецот за намалување на емисијата на јаглероден диоксид.

Резервирајте го 26 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...