FMCG Македонија 2023

ЕКСКЛУЗИВНО: Тони Дурам, долгогодишен директор во P&G, Keynote говорник на 9 FMCG Summit

14 Sep 2023

Еден од водечките светски стручњаци во FMCG-индустријата, долгогодишен директор во „Проктер&Гембл“(P&G), доаѓа во Скопје! Тони Дурам, познат и признат експерт за психологија и однесување на купувачите, за првпат ќе го пренесе своето богато знаење и искуство и во Македонија, како ексклузивен говорник на 9 FMCG Summit што ќе се одржи на 26 октомври во „Александар Палас“ во Скопје, во организација на InStore магазин и агенцијата „Кликер маркетинг“.  

Роден во Велика Британија, Тони Дурам ја почнува кариерата во 1982 година во P&G, каде што останува да работи 35 години. За време на неговото работење во P&G, Дурам обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на потрошувачите и да го зголемат профитот. Последната деценија од неговата работа во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.

Следниот голем чекор во неговата кариера е развој на концептот на регионални центри „Прв момент на вистината (FMOT)“, кој има цел да ги подигне стандардите во трговијата преку собирање и користење на најдобри практики и релевантно знаење за однесувањето на потрошувачите. Овие центри станаа место каде што компаниите можат да ја тестираат ефективноста на нивните идеи, користејќи физички инсталации и виртуелна реалност. Денес овие центри се присутни насекаде низ светот и претставуваат важна предност за многу светски компании.

Во 2017 година Дурам основа консултантска компанија, Tony Durham Consulting Limited, со цел да им помогне на компаниите да развијат стратегии и да ги зголемат приходите, користејќи го знаењето што го има за однесувањето на потрошувачите и за психологијата на клиентите. Оваа консултантска фирма нуди услуги и обука на сопственици на компании и менаџери на брендови за психологијата на клиентите и влијанието на различни фактори врз продажбата, како што се: дизајнот на пакувањата, позиционирањето на полиците,  рекламирањето и однесувањето на потрошувачите на местото на продажбата.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра 

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице 

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице 

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице 

(Цените се без ДДВ)

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ: info@fmcg-summit.mk

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...