FMCG Македонија 2022

Повеќе од 400 гости доаѓаат на 8 FMCG SUMMIT - само уште неколку слободни места!

26 Oct 2022

Повеќе од 400 учесници ќе го следат 8 FMCG Summit што ќе се одржи утре, во хотелот „Александар Палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. 

Меѓу гостите се сопственици на компании и извршни директори од Македонија и регионот, менаџери, продажни агенти, раководство и членови од стопанските комори, производители, трговци, дистрибутери, претставници на компании од придружните индустрии на FMCG - секторот.....

 

                                                                                       

Како и во минатите години, така и сега, присуството на самитот е одлично за вашиот бизнис! На 8 FMCG Summit доаѓаат: Реј Гаул, ко - основач и извршен директор во Retail Cities; Бојан Радун, CEO на „Имлек“, сопственик на „Нектар“; Мина Јанакиев, консултант за анализа на продажбата во „Нилсен IQ“; Ениса Селмановиќ - Салкиќ, основач и извршна директорка на агенцијата Consultor, Сараево; Сашо Димоски, генерален директор на „Гебрудер вајс“ - Македонија; Дејан Митковски, експерт за продажба и бизнис - развој; Сашка Костовска Длака, финансиски фасилитатор;Емир Жуниќ, раководител на одделот за AI/IM во Info Studio; Урош Богдановиќ, радио и поткаст консултант; Филип Трифуновски, Емир Реџепагиќ, „Паком“. На панел дискусијата ќе дискутираат: Перица Вичишки, генерален директор на „Атлантик трејд“, Александар Илиев, претседател на СИЗ ЛКА, Борче Треновски, професор на Економскиот факултет на УКИМ и Јован Дабевски, експерт за млечната индустрија. Програмата можете да ја видите тука. 

 
 
                                                                  
 
Низ ексклузивноста на настанот, ви овозможуваме уште повеќе да го развиете вашето работење. На 8 FMGG Summit ќе слушнете:
 
Hyperinflation = Hyper Reaction? – како различните трговци на мало ги одредуваат цените во новата ера на економска несигурност во Европа;
 
Продажни преговори и предизвици – работи што другите не ви ги кажуваат;
 
Case study: одличните резултати на Studio samartWMS, smartTMS и Sales Forecasting во компанијата „Аман“;
 
Storyselling – раскажете моќна приказна;
 
Која е тајната на победничките тимови;
 
Што „не е сеедно“ во менаџментот;
 
Други извори на финансиски средства – како до нив?
 
Деловните трендови во 2023 година за кои секоја компанија мора да се подготви;
 
Панел дискусија: Како да им светне на компаниите? Глобални предизвици и локални мерки – Дискутираат: Перица Вичишки, Јован Дабевски, Борче Треновски и Александар Илиев.
 
 
 
 
 
 
За информации обратете се на:
meri@instore.mk 071 262 441
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...