FMCG Македонија 2022

Учете од професионалци – во живо на 27 октомври!

05 Oct 2022

Најдобрите се секогаш меѓу нас – меѓу говорниците на 8 FMCG Summit Skopje се и Сашо Димоски, кој успеа да ја изгради филијалата на „Гебрудер Вајс“ во Македонија, и Емир Жуниќ, кој имплементира иновативни технологии во синџирот на снабдување.

Трговскиот настан на годината 8 FMCG Summit Skopje, во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг, ќе се одржи повторно во живо на 27 октомври во хотелот „Александар палас“.

Сашо Димоски, генерален директор на Гебрудер Вајс – Македонија, е долгогодишен искусен менаџер за шпедиција и логистика, со повеќе од 25 години искуство во врвни логистички компании и 3PL-провајдери. Од 2009 година тој е национален и продажен менаџер за Македонија и управител на „Гебрудер Вајс“ во земјава, кој успеа да ја изгради и издигне филијалата на компанијата од нула до еден од неизбежните локални и регионални провајдери на логистички решенија.

Емир Жуниќ, раководител на одделот за AI/ML во Info Studio, е доктор на технички науки со десетгодишно искуство во областа на информатичката технологија, софтверското инженерство и оптимизација на деловните процеси. Во последните неколку години, тој е фокусиран на примена на вештачка интелигенција и машинско учење во индустријата. Бил говорник на повеќе од 20 Oracle конгреси и конференции низ светот, како и на еден од најголемите ИТ-собири во светот, WeAreDevelopers World Congress во Берлин во 2019 година.

Погледнете ги и другите говорници на 8 FMCG Summit Skopje, следете нè на www.instore.mk и на fmcg-summit.mk.

Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

е-пошта: info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...