FMCG Македонија 2022

Бојан Радун – говорник на 8 FMCG Summit Skopje

21 Sep 2022

Главниот извршен директор на компанијата „Имлек“, Бојан Радун, ќе биде говорник на 8 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи повторно во живо на старото место – хотел „Александар палас“ на 27 октомври.

Бојан Радун ја почнал кариерата во 2001 година, кога ѝ се придружи на семејната компанија за пијалаци „Нектар“, како маркетинг-менаџер. Во „Нектар“ тој извршува повеќе функции во секторите маркетинг и продажба, во периодот до 2007 година, кога станува извршен директор за операции, а во 2009 година доаѓа на позицијата главен извршен директор. Во тој период компанијата „Нектар“ бележи огромен подем на домашниот и на регионалните пазари, а во 2011 година го купува словенечки „Фруктал“ за 50 милиони евра. Од мај 2011 Радун е CEO на компанијата-мајка „Радун груп“, а од април 2015 година генерален директор на „Бамби“, позиција на која е речиси три година. Од јануари 2018 година тој е главен извршен директор млечната индустрија „Имлек“.

Радун е дипломиран економист на Универзитетот во Белград, а има и диплома од Бизнис-школата ИМД за менаџирање со семејни бизниси. Зборува англиски и руски јазик. Активен е во неколку значајни деловни и економски организации – Српската асоцијација на менаџери, Самит 100 и на Деловниот совет на Владата на Србија. Консултант е во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

е-пошта: info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...