Со професионално, впечатливо и јасно означено палетно место целта е постигната. Потрошувачот сигурно ќе го забележи производот, јасно ќе ја прими пораката и со голема веројатност ќе посегне по производот што е поставен на палетното место.
Пишува: М-р Билјана Костов Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"
Промоцијата во супермаркетот е неопходна за претставување на вашиот бренд пред јавноста и за привлекување на нови клиенти. Постојат многубројни начини да се промовира еден производ или една услуга. Некои компании користат повеќе од еден метод, додека други можат да користат различни методи за различни маркетиншки цели.
Движејќи се низ супермаркетот, наидуваме на впечатливи секции од типот на промотивни места што ни го привлекуваат вниманието на различен начин. Во овој број на InStore ќе се фокусирам на промотивните места што се значаен медиум за комуникација меѓу производот и потрошувачите.
Палетните или акциските места во супермаркетите, што најчесто се поставени во средината на коридорот на движење, едноставно кажано, не постои шанса да не се помине покрај нив или да не бидат забележани од страна на потрошувачите. Откако производителот ќе го закупи палетното место во супермаркетот, прашање е како да се комуницира оваа акција и како да се направи впечатлива за потрошувачот. Доколку пораката не е видливо и јасно истакната на палетното место, можам слободно на кажам дека целта на палетното место не е постигната.
Еден од најефектните држачи на пораки е популарниот „палет-дресер" што претставува професионална опшивка за палети по стандард на која се инсертира акцискиот принт. Од сите четири страни на палетното место овој принт е јасно видлив. Кога велам професионален мислам на реклама што стои здраво прицврстена на палетата, исклучувајќи ги сите квазирешенија од типот на рачно излепени хартии и ленти. Воедно, се мисли и на моментите кога потрошувачот поминува со количката за пазарување и случајно удира во палетното место – доколку се користи „палет-дресерот", тој ќе остане неоштетен. Тоа значи дека пораката останува јасна и видлива, односно онаква каква што била уште од првиот ден. Без разлика на чиј товар е инвестицијата во „палет-дресерот", тој може да се применува и на следни акции од истиот или друг тип, со истиот или со различен принт.
Освен „палет-дресер", се користат и додатоци со кои јасно се истакнува пораката од плафонот, подот или помеѓу производите. Со цел вниманието на потрошувачот да биде 100% опфатено не смее да се пропушти можноста за истакнување на акциската порака од висина, односно од плафон во висина на нивото на окото на потрошувачот. За да се постигне овој ефект постојат додатоци од типот на држачи за постери што се приспособени да се спуштат од плафон. Механизмите, како и сите останати додатоци, се лесни и флексибилни за дислокација и за повторна употреба.
Со иста цел се користат и ознаки на подот за да се означи акциската порака уште од влезот и да го води потрошувачот до палетното место. Како потрошувачи сведоци сме на ознаки што се ефектни и атрактивни за око и што секојдневно се користат по супермаркетите.
Во зависност од производот што се нуди на палетното место многу често се применуваат и самостоечки рамки за постери, како и самостоечки банери, со кои се постигнува ефектот акциската порака да стои на или до палетата. Тие се осмислени за да бидат функционални и стабилни сè до крајот на акцијата, како и за во некоја следна.
За крај пораката е јасна: со професионално, впечатливо и јасно означено палетно место целта е постигната. Потрошувачот сигурно ќе го забележи производот, јасно ќе ја прими пораката и со голема веројатност ќе посегне по производот што е поставен на палетното место.
РАМКА: За компанијата: „Маркето Солутионс" е специјализирана компанија за опрема на секаков вид на продажни места, од мали продавници до големи супермаркети. Основната цел на компанијата е да го подобри квалитетот на секојдневното пазарење со користење на најсовремена технологија и опрема за димензионирање и организација на продажните места. ДОО „Маркето Солутионс" Адреса: Сервисна зона Југ, реон 40, Скопје Телефон: 02/2777-507; 070/306-656 Е-пошта: biljana@marketo.com.mk Веб-сајт: www.marketo.com.mk |
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.