Малопродажба

Светски Трговец: „Ошан“

19 Feb 2013

По преземањето на продавниците на „Реал" во централна и источна Европа, стана лидер на пазарот во Полска, тројно го зголеми бројот на продавници во Романија, влезе на нови подрачја во Русија... Стана силен конкурент на „Карфур" во Полска и Романија, а во Русија стекна огромна предност над „Волмарт".

„Ошан" е меѓународен трговски синџир со седиште во Франција и со операции во Европа и Азија, во приватна сопственост на семејството Мулиез. Познат е по својот концепт на големи хипермаркети. „Ошан" тежнее кон проширување на меѓународните пазари токму низ овој концепт. Кога ќе се воспостави присуството на некој од пазарите, следен чекор е отворање на нови супермаркети. Инаку, на повеќето пазари, овие супермаркети се ребрендирани во маркети „Симпли". Сите супермаркети „Атак" во Франција, „Сма" во Италија, „Елеа" во Полска и „Сабеко" во Шпанија се ребрендираа во „Симпли" до крајот на 2009 година.

Хипермаркетите „Ошан" нудат многу широк избор на прехранбени производи, односно генерално, стока за широка потрошувачка. Акцентот е ставен на промоција и на рефусна стока, така што „Ошан" стана познат и како маркет што нуди најголем асортиман на производи во цела Франција. Многу продавници во состав со нив имаат и специјални оддели што содржат производи по дисконтни цени со називот „самодисконтна зона". „Ошан" работи и во Кина и Тајван преку хипермаркетите „РТ Март".

По потпишувањето договор со групацијата „Метро", „Ошан" ги презема оперативните активности и недвижностите на компаниите-ќерки на „Метро", односно хипермаркетите „Реал" во Полска, Романија, Русија и Украина по цена од 1,1 милијарда евра (1,4 милијарди долари).

Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore бр.4



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...