Актуелно

Можна финансиска помош за работодавачите кои ослободуваат родител од работа

19 авг 2020
Да се разгледа можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите кои ослободиле родители на деца до 10 години за време на кризата предизвикана од ковид-19, е еден од заклучоците од вчерашната владина седница. 
 
Можноста за финасиска помош се разгледува да биде преку Фондот за здравствено осигурување или преку нов пакет економски мерки.
 
Според заклучокот на Владата, мерката би се однесувала на работодавачите кои во моментов ослободиле родители од работа и работни активности, имајќи предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работни обврски доколку нивните деца следат настава со физичко присуство, или пак, онлајн настава, соопшти владината прес-служба.
 
-Дополнително, Владата ги задолжи министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука и за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...