Актуелно

Словенија ги продолжува мерките за спас на работни места

24 јул 2020
Словенечката влада ја продолжи мерката за субвенционирање на платите за време на чекање, а се очекува ваквата помош во август да ја примат околу 24.000 работници, најави министерот за труд, семејство и социјална политика, Јанез Циглер Краљ.
 
Владата донесе одлука за продолжување на мерката, што беше воведена во април во екот на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, затоа што проценува дека таа е сè уште ефикасна и потребна за работодавците.
 
Повеќе од 24.000 работници сè уште чекаат за работа затоа што и натаму нема закрепнување во некои индустрии или истото не е доволно интензивно за работодавците целосно да ги ангажираат работниците, објасни Циглер на прес-конференција, истакнувајќи дека мерката може да биде продолжена најмногу до крајот на септември.
 
По првите два антикорона закони, повеќе од 275.000 вработени беа на чекање до крајот на мај, а според третиот, кој вклучуваше чекање за работа во јуни, беа вклучени речиси 65.000 вработени.
 
Заводот за вработување на Словенија до 10 јули исплатил 242,5 милиони евра надомест за работниците кои привремено чекале за работа поради виша сила, се вели во соопштението на словенечката влада.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Хрватско пиво е меѓу 50-те најдобри во светот

20 јул 2020

Тетовка доби „пежо 208“ во наградната игра на „Веро“

20 јул 2020

Кривично ќе одговараат фирмите кои ја злоупотребија помошта за плати

20 јул 2020

Зоран Богетиќ: Што се наоѓа под „врвот на ледениот брег“?

20 јул 2020

Milka загуби судски спор во Германија

20 јул 2020

Во маркетите потрошени 16 милиони евра од домашните платежни картички

20 јул 2020
Вчитува уште новости...