Актуелно

Milka загуби судски спор во Германија

24 Jul 2020
Чоколадата Ritter е единствената што во Германија може да се продава во карактеристичната квадратна форма, одлучи германскиот врховен суд одбивајќи ја тужбата на конкурентната компанија „Монделез“, која го произведува чоколадото Milka.
 
Судот смета дека квадратниот облик на чоколадата ritter sport не е само плод на функционалноста, туку и на креативното обликување.
 
За останатите производители на чоколади не е пресудно своите производи да ги нудат во квадратен облик. пишува во  пресудата.
 
Со конечната пресуда ѝ е ставен крај на 10-годишната правна битка во која Milka бараше да се укине ексклузивното право на Ritter на таков облик на чоколадата.
 
Среќни сме што и во иднина е осигурана заштита на нашата марка, која ја негуваме веќе со децении. За нас, квадратниот облик на чоколадата поседува иста вредност како и виолетовата боја на пакувањето за конкуренцијата, истакнаа од компанијата „Алфред Ритер“ од Валденбух.
 
Ritter sport е направена во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година кога коосновачката Клара Ритер одлучила дека чоколадите мора, без да се скршат, да ги собере во секој џеб од јакна.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...