Актуелно

„Кока кола“ го стопира рекламирањето на социјалните мрежи за 30 дена

29 Jun 2020

Американската компанијата „Кока кола“ соопшти дека го паузира целото дигитално рекламирање на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена.

Во светот нема место за расизам и нема место за расизам на социјалните мрежи. Од 1 јули, компанијата „Кока кола“ ќе го стопира платеното рекламирање на сите платформи на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена, се вели во соопштението на извршниот директор на компанијата „Кока кола“, Џејмс Квинси.

Од компанијата велат дека овој пат ќе ги преиспитаат стандардите и политиките за рекламирање, со цел да утврди дали се потребни внатрешни ревизии. Оттаму соопштуваат дека ќе очекуваат поголема одговорност, акција и транспарентност од нивните партнери да ги ослободат платформите од омраза, насилство и несоодветна содржина.

Овој потег е дел кампањата „Стоп за омраза за профит“, која започна минатата недела со популарните спортски брендови „The North Face“. Подоцна се приклучија и брендовите Unliever, Verizon, Hershey’s, Ben & Jerry’s и Honda.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...