Владата во Словенија на сите полнолетни државјани ќе им додели ваучер од 200 евра кој што ќе може да го потрошат за летување на некоја од дестинациите во земјата. Целта е да се стимулира локалниот туризам.
Ваучери ќе добијат и земјоделците но и пензионерите, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за плаќање сместување и истите нема да може да се користат за плаќање во ресторани и угостителски објекти.
Туристичката дејност во Словенија е една од најпогодените од епидемијата на новиот коронавирус, а најголем дел од луѓето кои изгубија работа се токму од тој сектор.
И владата на Србија деновиве почна да исплаќа по 100 евра за секој полнолетен граѓанин на Србија, за да помогне за полесно справување со последиците од коронавирусот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.