Актуелно

„Нилсен“: Шест фази на купување во време на криза

10 May 2020

Во панелот на избрани трговски синџири кои заземаат околу 60% од вкупната малопродажба на производи за широка потрошувачка, кошницата со прехранбени и непрехранбени категории бележи вредносен пораст од 65% во втората недела и 46% во третата недела од март годинава, во однос на истиот период лани.

Податоци од панелот за малопродажба на агенцијата „Нилсен“ за однесувањето на потрошувачите во Хрватска за време на епидемијата на вирусот корона

Според анализата на продажната кошница со прехранбени и непрехранбени производи, врз основа на панел на избрани малопродажни синџири, спроведена од агенцијата „Нилсен“, евидентирана е продажбата на производи за здравствена заштита како што се медицински маски и средства за дезинфекција ширум светот. Сепак, како што расте бројот на пријавени случаи на корона вирусот, забележано е дека потрошувачите ги менуваат навиките за купување и посеопфатно пристапуваат кон купувањето.

Анализирајќи ги глобалните трендови и однесувањето на потрошувачите за време на епидемијата, „Нилсен“ идентификуваше шест фази низ кои минуваат потрошувачите, а истото може да се забележи и во Хрватска.

Првата фаза е проактивно купување за заштита на сопствената благосостојба и здравје. Оваа фаза почна уште кон крајот на февруари.

На 25 февруари беше потврден првиот случај на инфекција со вируси во Хрватска. Веќе истата недела, од 23 до 29 февруари, забележани се значителни скокови во вредносната продажба во однос на истата недела минатата година во одредени категории како конзервирана риба (+ 159%), тестенини (+ 114%), брашно (+ 108%) и ориз (+ 97%).

Најголем пораст на продажбата се случи во неделата од 9 до 15 март, кога малопродажните синџири забележаа во просек од 65% зголемување на вредносната продажба на вкупната кошница со прехранбени и непрехранбени производи во однос на истата недела минатата година. Клиентите потоа влегоа во втората фаза на однесување на потрошувачите - фаза на подготовка на залихи.

Неконтролираната побарувачка доведе до експлозија во продажба на одредени категории. Како резултат на тоа, постоеше закана од скок на цените, што (оправдано) резултираше во Одлука на Владата на Република Хрватска за исклучителни мерки за контрола на цените за одредени производи.

Набљудувајќи ја неделата од 9 до 15 март во однос на истата недела претходната година, продажбата на брашно се зголеми за + 410%, оризот + 301%, прашестите производи за подготовка на колачи и печива (квасец, прашок за пециво, пудинг) + 221%, тестенини + 210%, готови сосови +191%. Во непрехранбениот дел, сапуните се зголемија за 232%, тоалетната хартија + 162%, средствата за чистење тоалети + 156%, бебешки марамчиња + 127%, санитарните влошки и материјали + 112%, детергентите за алишта + 103%, пелени за бебиња + 102%, средства за чистење во домот + 98%.

Третата недела од март (од 16 од 22 март) донесе олеснување на стапките на пораст на продажбата со цел да се намали бројот на клиенти кои одат во продавници, со дополнителни пропишани мерки со како ограничувања на работењето на малопродажните објекти. Сепак, поретките посети на продавниците не резултираа со значително помала потрошувачка, туку со поретки, но поголеми кошници. Во таа недела, целата кошница на прехранбени и непрехранбени производи забележа пораст од 46% во однос на истата недела претходната година. Категории кои сè уште бележат значителни стапки на пораст во однос на претходната година се брашно (+ 313%), сапуни (+ 231%), прашести производи за подготовка на печива (сув квасец ...) + 216%, ориз (+ 206%), свеж квасец (+ 177%).

Купувачите потоа влегоа во третата фаза - фаза на подготовка за живот во карантин. Во овој период, постојат проблеми со логистиката, тешко можеа да се предвидат потребните количества, како и очигледната појава на т.н. „out of stock“ на полиците кога едноставно нема доволно залиха во целиот синџир на снабдување. И во тој момент, потрошувачите бараат алтернатива, што е за нивна безбедност и придржување кон пропишаните мерки, а тоа е да најдат алтернативни канали за да ги пронајдат производите што им се потребни. Потрошувачите сè повеќе ги откриваат можностите и придобивките од онлајн-трговијата, а трговците на мало и локалните производители се свртуваат едни кон други за да најдат подобри одговори на потребите на нивните клиенти.

Во петтата фаза - фаза на ограничено живеење. Според глобалната анализа на „Нилсен“, оваа фаза ќе биде обележана со онлајн-побарувачката, каде сè ќе зависи од високите стандарди за испорака.

Последната, шеста фаза е за сите граѓани „светло на крајот од тунелот“, фаза во која потрошувачите се враќаат во нивниот секојдневен живот. Сепак, тоа ќе биде ново секојдневие, во кое клиентите ќе стават акцент на нивните навики за здравје и хигиена. Ново секојдневие во кое ќе има постојани промени во синџирот на снабдување со значителен фокус на онлајн-продажбата.

Решението за производителите и трговците лежи во брза имплементација на технолошки решенија за онлајн работење, апликации за нарачки, автоматска претплата и други опции за онлајн-трговија.

Загриженоста што ја споделуваат потрошувачите во Хрватска и низ целиот свет, како и влијанието на новите однесувања, ќе се намали со текот на времето, но нема целосно да исчезне. Оние компании што ќе го препознаат тоа што е можно поскоро и ќе се приспособат на новите потреби ќе остварат успех.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...