Здружението „Живот“ и годинава ќе учествува на Саемот за овоштарство, лозарство и градинарство „Agro Belgrade“, кој ќе се одржи на 27, 28 и 29 јануари во Белград.
За сите членови на Комората на органски производители (КОП) и учесници на саемот „Органска трпеза“ што сакаат да го посетат саемот во Белград, здружението ќе обезбеди влезници, а ќе организира и групна посета на 27.1.2022 година.
Како еден од основачите на КОП, сакајќи да придонесеме во развојот и афирмацијата на комората и на нејзините членови, на нашиот штанд ќе отстапиме простор и за членовите, каде што бесплатно ќе може да постават промотивен материјал и да остварат средба со одредени деловни соработници, велат од здружението „Живот“.
Заинтересираните луѓе и компании е потребно да се пријават на zdruzenie.zivot@gmail.com, komorakop@gmail.com или на тел. 070 888 817, најдоцна до 23.1.2022.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.