Актуелно

Чекори во продажбата, преговарање и менаџирање со приговори

20 Jan 2022

На 9 февруари ќе се одржи еднодневна онлајн-работилница за унапредување на продажно-комуникативните вештини на професионалците за продажба и на менаџерите, која ќе ја води Дарко Лукиќ.

Организатори: InStore, „Кликер маркетинг“ и AMMC 

Предавач: Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)

Цел на работилницата:

Унапредување на продажно-комуникативните вештини на професионалците за продажба и на менаџерите.

За кого е наменета?

Професионалци за продажба и менаџери на мали, средини и големи компании.

Придобивки: Унапредување на вештините за продажба, комуникација и за преговарање, кои се клучни за подобрување на односите со купувачите и постигнување резултати во дневно-оперативните продажби.

ПРОГРАМА

9 февруари 2022 година

09:00 – 10:30

ЧЕКОРИ ВО ПРОЦЕСОТ ЗА УСПЕШНА ПРОДАЖБА

  • Идентификување на потенцијалот на купувачите;
  • Презентација на производите и услугите;
  • Менаџирање на приговори и склучување договори;
  • „Follow up“, наплата и континуирано одржување на односите.

10:30 – 10:45

Кафе пауза

10:45 – 12:15

ВЕШТИНИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА И ПРЕГОВАРАЊЕ

  • Комуникација и вештини за слушање;
  • Вербална и невербална комуникација;
  • Процес на преговори: стилови, стратегии и преговарачки тактики.

12:15 – 13:15

Пауза за ручек

13:15 – 14:30

ВЕЖБА: МЕНАЏИРАЊЕ СО ПРИГОВОРИТЕ НА КУПУВАЧИТЕ

  • Подготовка за вежбата;
  • Практична групна работа: менаџирање со приговорите на купувачите;
  • Дискусија и заклучоци.

14:30 – 14:45

Кафе пауза

14:45 – 16:45

ВЕЖБА: ПРОЦЕС НА ПРЕГОВОРИ

  • Подготовка за вежбата;
  • Преговарачки процес: „Role play“;
  • Дискусија и заклучоци.

ЗА ПРЕДАВАЧОТ: Дарко Лукиќ, консултант и предавач, поранешен долгогодишен маркетинг-директор во Henkel Srbija.

Образование: Дипломирал и магистрирал, а од 2020 година е на докторски студии на Економскиот факултет во Белград, насока бизнис-менаџмент.

Искуство: Дарко Лукиќ е консултант и предавач за менаџмент, продажба и маркетинг. Дваесет и тригодишно работно искуство во економијата го пренесува преку програми од областа на традиционалниот и дигитален маркетинг, невромаркетинг, продажба, управување со клучни клиенти, менаџмент и лидерство. Во текот на неговата 17-годишна корпоративна кариера, тој напредувал на менаџерски и лидерски позиции во водечки мултинационални компании, како ING Group, Nestle, Henkel CEE HQ Austria, Henkel Serbia и FCB. Кариерата како консултант, ментор и предавач ја почна во 2016 година, преку соработка со Delta Holding, UNICEF и магазинот InStore, за потоа да ја продолжи со бројни домашни и меѓународни компании и организации. На српски и англиски јазик реализира семинари и говори (на водечките регионални FMCG-конференции) во Србија, РС Македонија и БиХ. Нуди консултантски, менторски и едукативни услуги на следните компании: UNICEF, Delta Holding, Philip Morris, Lesaffre, Pernod Ricard, Imperial Tobacco, Stihl, Western Union, Garmin, Yuhor, Fun&Fit, Danubius, ComTrade, Nectar, MD International,Vital, Omnico distribucija, G3 Spirits, Gorki List, Gomex, Atlantic Grupa, Orbico, Fructal, Perutnina Ptuj, Badel 1862, Alca Trgovina, AWT, Alkaloid, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres, Prilepska pivarnica, Vitalia, Kola, Ramstore, Reptil итн... Тој е на листата меѓународни консултанти на ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) и водечки предавач за маркетинг и за продажба на „Мокрогорската школа за менаџмент“.

Маратонец и триатлонец со завршени 30 маратона (42,2 км), 13 полуајронмен (113 км) и два ајронмен триатлона (226 км).

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 129 евра

2 лица од компанија – 119 евра по лице

3 лица од компанија – 109 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 99 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ:

Виолета Видоевска

е-пошта: violeta@kliker.mk

моб.: 075 301 927

е-пошта: edukacija@instore.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...