Коњско месо во Хрватска се продавало како телешко, како во продавниците, така и преку интернет, извести Европол (Европска полициска агенција).
Хрватските институции за тоа ништо не знаеле.
Ние редовно ги применуваме европските закони, ги подобруваме и заоструваме како би спречиле криумчарење храна. За жал, секогаш има „креативни“ поединци кои се снаоѓаат преку дупки во законите, изјави европратеничката Билјана Борзан.
Освен месо, во Хрватска најмногу лажни производи се најдени меѓу алкохолните пијалаци - во прв план, вотка и вино.
Акцијата на Европол почнала лани и се спроведувала во Хрватска и во уште 72 земји во светот. Притоа се запленети 16.000 тони намирници - расипана, нездрава или илегално преработувана храна и пијалаци. Вредноста на илегалната храна и пијалаци запленети во акцијата е 54 милиони евра. Издадени се повеќе од 600 налози за апсење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.