Актуелно

„Моет Хенеси“ и „Кампари“ ќе основаат заедничка компанија

14 Jul 2021

Францускиот производител на вино и жестоки пијалаци „Моет Хенеси“ соопшти дека ќе основа заедничка компанија со италијански „Кампари“ за да прерасне во водечка европска компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалаци.

„Моет Хенеси“, член на гигантот за луксузни производи ЛВМХ и „Кампари“ ќе имаат еднакви удели во новата компанија, основана со цел инвестирање во компании за продажба преку интернет, и ќе ја вклучува интернет платформата „Танико“.

Трансакцијата ќе се изврши со тоа што „Кампари“ ќе продаде 50 отсто од акциите на новата компанија на „Моет Хенеси“ за 25,6 милиони евра и треба да се склучи откако компаниите ќе ги добијат потребните регулаторни дозволи.

Италијанската компанија ќе го пренесе својот удел во „Танико“ на заедничката компанија, кој се фокусира на онлајн продажба на вино и врвни алкохолни пијалаци, со удел од 30 проценти во овој сегмент.

„Танико“ поседува и мнозински удел во Ventealapropriete.com, голема платформа за е-трговија во Франција, специјализирана за продажба на врвни вина и алкохолни пијалаци.

Новата компанија ќе ја води Марко Мањокавало, сегашен извршен директор на „Танико“, кој ќе го задржи статусот на клучен малцински акционер.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...