Актуелно

Холандија: „Џамбо“ тестира паметна количка

12 Mar 2021

Холандскиот трговски синџир „Џамбо“ тестира паметна количка за купување. Трговецот сака да утврди во колкава мера технологијата им пружа дополнителна вредност на купувачите. 

Паметните колички имаат камера и екран на допир, а користат и вештачка интелегенција за бележење на проиводите кои купувачот ги става во корпата. На екранот, купувачите можат да го следат бројот на производи, да добиваат известување за попусти во саканите категории и слично. Во иднина „Џамбо“ сака да ја воведе и опцијата за паметно плаќање.

Реакциите на купувачите и на вработените кои ќе учествуваат во „експериментот“ ќе му дадат на трговецот целосна слика за тоа дали да ја постави паметната количка во сите продавници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...