Актуелно

„Подравка“ ги награди вработените за успешни резултати

18 ное 2020

Управата на „Подравка“ донесе одлука за исплата на еднократна награда на вработените од по 1.000 куни (132 евра) поради остварени успешни резултати во работењето во првите девет месеци од годинава и така им заблагодари за придонесот и ангажманот во текот на пандемијата. 

Покрај тоа, во согласност со Колективниот договор на групацијата „Подравка“, на секој вработен за секое дете до 15 години кое преку него остварува право на здравствена заштита, му се дава подарок за Божиќ во вредност од 600 куни (80 евра). 

Сакаме да им се заблагодариме на сите наши вработени за нивниот придонес во работењето. Годинава општеството беше изложено на бројни негативни влијанија, но покажавме дека компанијата е подготвена во многу краток рок да го трансформира работењето и да одговори на предизвиците со кои секојдневно се среќаваме. Уверен сум дека ќе продолжиме да градиме уште поуспешна „Подравка“, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата. 

„Подравка“ во текот на оваа година двапати ги награди вработените со парични награди. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...