Видео вести

Budweiser го враќа Whassup

30 апр 2020

Budweiser ја оживеа рекламата Whassup од 1999 година, репозиционирајќи ја во добата на вирусот корона.

Пивскиот бренд Budweiser ја реобјави легендарна реклама Whassup, речиси 20 години по нејзиното прво лансирање во јавноста. Во рекламата се користи оригиналното видео, но со ново аудио, кое е посоодветно за тековното време.

Новата реклама ги прикажува истите сцени од четворица пријатели, кои меѓусебе се прашуваат: Што има? (Whassup), но наместо одговорите: Гледам натпревар на ТВ и пијам Bud, ликовите велат:  Во карантин сум и пијам Bud.

Во рамките на рекламата, брендот го промовира и хаштагот #TogetherAtADistance (заедно и на дистанца), со кој ги охрабрува луѓето да „ги проверат“ пријателите, односно да се поврзат и да комуницираат. Истовремено, Budweiser преку хаштагот #SavePubLife, се обидува да ги поддржи и пабовите, кои се затворени.

Одлуката за преработка на рекламата дошла по истражувањето на „ЈуГов“, кое открива дека еден од пет Британци живее сам за време на карантинот.

Многумина од нас низ целиот свет, моравме да го приспособиме нашиот секојдневен живот на глобалната здравствена криза, особено начинот на кој се социјализираме. Сакаме да донесеме насмевка на лицата на луѓето, истовремено истакнувајќи ја важноста од „проверувањето“ на најблиските, вели Елис Дикинсон, маркетинг-менаџер на Budweiser.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВИДЕО) Прва реклама на „Кока-кола“ во време на пандемија

22 јан 2020

(ВИДЕО) Nike порачува: Не прави го тоа!

22 јан 2020

(ВИДЕО) Ковид-19 како осамено чудовиште

22 јан 2020

„Апатинска пивара“ со новата реклама повикува на одговорност

22 јан 2020

(ВИДЕО) Нов спот на Lavazza-бурни реакции од сите што го видоа

22 јан 2020

Храброста е убава – нова кампања на Dove

22 јан 2020
Вчитува уште новости...