Во видеоинтервјуто со Драган Стајковиќ, генерален директор на „Бамби“ разговаравме како „Бамби“, од регионален бренд стана глобален играч. Тој ги пренесе своите искуства и совети на присутните на 7 FMCG SUMMIT Skopje 2021 што се одржа на 28 октомври, во организација на магазинот InStore и маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“.
Производството и производствените линии, тоа може секој да го обезбеди, тоа не е компанија. Компанијата се луѓето. Тимот што се создава мора да функционира без грешка. Особено во компании како „Бамби“, кои мора да имаат претприемачки дух. Тимот мора да има доза на креативност, голема доза на преземање одговорност, а сепак, од друга страна, и некоја слобода во целата таа приказна, вели Стајковиќ.
Целото интервју може да го погледнете на видеото или да го прочитате тука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.