Работење

Димитар Грозданов и Мартин Максимовски: Microsoft Mobility

19 Oct 2015
 

Развојот на технологијата бара одредено приспособување на начинот на работа на компаниите за да се намалат трошоците, да се постигне подобра покриеност на клиентите и да се подобри искуството на вработените при интеракција со деловните апликации и системи.

Автори: Димитар Грозданов, сениор советник за технологија, „Мајкрософт" – Македонија и Мартин Максимовски, менаџер за деловен развој, „Мајкрософт" – Македонија

Ефикасноста на вработените зависи од многу параметри, како што се работната средина, големината на тимот во кој се работи, типот на работни задачи, уделот на теренски активности и друго. Воведувањето мобилност во работењето или можност за работа надвор од канцеларијата на фирмата, може да претставува пресврт во начинот на работење. Можноста еден работник своите задачи да ги заврши надвор од канцеларијата и воедно извештаите за сработеното да ги поднесе додека е сè уште на терен е, можеби, еден од најважните аспекти на деловното работење. Постојат повеќе аспекти на мобилност на работниците кои можеме да ги разделиме во неколку категории:

  • Деловна комуникација ˗ пристап до мејл, IM комуникација, интерна социјална мрежа, гласовна и видеокомуникација;
  • Пристап до деловни документи ˗ документи на тимот, записи и белешки од состаноци;
  • Можност за поднесување и за прегледување деловни извештаи;
  • Пристап до податоци за клиентите ˗ извештаи, контакт-информации, финансиска картичка;
  • Колаборација со преостанатиот тим ˗ споделување документи, конференциски повици, социјални мрежи.

За сите овие категории, „Мајкрософт" нуди решенија и продукти што спаѓаат во три основни столбови на мобилното работење:

  • Мобилна канцеларија – Microsoft Office (Office 365);
  • Алатки за деловна продуктивност – Microsoft Dynamics NAV, CRM, CRM OnLine;
  • Инфраструктурни системи – Microsoft Server, SQL Server, Microsoft Azure

Инфраструктурни системи

За да се обезбеди контрола на пристап, управување со идентитетот на вработените во организацијата, опслужување со мрежни сервиси (папки со документи, мрежно поврзување, далечински пристап до внатрешната мрежа), виртуелизација и да се овозможи безбедно складирање на дел од податоците во рамки на компанијата, се користи Windows Server.

Дел од базичните функционалности на системот се:

  • Централно место за дефинирање на корисниците, безбедносни групи и нивните привилегии во системот (Active Directory);
  • Управување со мрежните сервиси (DNS, DHCP, File Shares, печатачи);
  • Далечинско поврзување со системите во компанијата на безбеден и контролиран начин (VPN, DirectAccess);
  • Веб и апликациска платформа за бизнис-апликации за вработени и за корисници;
  • Платформа за виртуелизација (Hyper-V);
  • Интеграција со системи во облак (Azure Active Directory, Office 365, Windows Intune).

Платформата содржи голем број функционалности, а претходно беа наведени тие што најчесто се користат и имаат големо влијание на тоа како функционираат компаниите. Преку користење на оваа платформа, компаниите стекнуваат одреден број погодности, меѓу кои:

  • Се добива високодоверлива платформа, која е веќе докажана во светот на мали, средни и на големи компании;
  • Платформата е едноставна за управување и придонесува за зголемување на заштедата при инвестиција во секторот ИТ во компаниите;
  • Фокусирана е на апликациите за секојдневно работење на компанијата, кои секогаш не се изработени со технологија на Microsoft;
  • Овозможува подобро корисничко искуство за сите што ги користат нејзините сервиси.

Од тие причини, „Мајкрософт" ќе продолжи со инвестиции во понатамошното подобрување на функционалностите, стабилноста, безбедноста и на управливоста со овие системи.

Интеграција со технологии во облак

Денешните трендови и развој на технологијата бараат одредено приспособување на начинот на работа на компаниите за да се намалат трошоците, да се постигне подобра покриеност на клиентите и да се подобри искуството на вработените при интеракција со деловните апликации и системи. Пробивот на мобилните технологии и платформи значи дека воведувањето нови начини на работа стануваат секојдневие речиси кај сите компании. Еден од тие модели е и користењето технологии во облак.

Во делот со инфраструктурни технологии, тука станува збор за Microsoft Azure. Целата платформа, претставува комплет од сервиси, односно системи со кои компаниите можат да поедностават одредени деловни процеси, да ги прошират потребите на својата организација или да извршат тестирање на нови производи, апликации или системи, без дополнително да ја оптоварат постојната инфраструктура, но и да ги оптимизираат трошоците за инвестиција во сопствената.

Дел од сервисите достапни преку Microsoft Azure се:

  • Веб и мобилни апликации (Web App, Mobile App): Едноставен начин за изработка и публикување апликации, направени на различни технологии (.NET, Java, PHP, NodeJS, Python), наменети за пристап од клиентите без да се оптоварат внатрешните системи и без да се наруши безбедноста на апликациите или сервисите;
  • Виртуелни машини (Virtual Machines): Поставување цели системи, повторно користејќи широк опсег на оперативни системи (Windows, Linux), платформи за развој на апликации (.NET, Java, PHP, NodeJS, Python), бази на податоци (SQL, Oracle, MySQL и слично), за обезбедување пристап до апликации или платформи кои се изработен на традиционален начин (клиент-сервер модел);
  • Управување со идентитет и пристап (Identity and Access Management): Преку користење на Azure Active Directory, компаниите можат да дефинираат посебни групи на корисници и привилегии за пристап до нивните веб, мобилни или традиционални апликации (клиент-сервер модел), на едноставен, безбеден и контролиран начин. Дополнително, со користење на Windows 10, може целосно да се елиминира потребата од систем за управување со идентитет и за безбедност во рамките на организацијата;
  • Интеграција меѓу системите во компанијата и системите во облак (Hybrid Integration): Не помалку важна функционалност, која ќе им овозможи на компаниите да одберат кои сервиси, системи, апликации ќе ги постават во нивната внатрешна инфраструктура, а кои во платформата во облак, обезбедувајќи целосна интеграција, задржување на моделот на безбедност и на интегритет на податоците и дефинирање на соодветен безбедносен модел за корисниците.

Безбедност на технологии во облак

Како и секогаш, кога станува збор за нови технологии, особено кога се разгледува префрлање на одредени системи (делумно или целосно) во облак или, пак, интеграција со постоечки системи во компанијата, прашањето на безбедност, сувереност и на пристап до податоците е од големо значење.

Без разлика за каков тип сервис за облак се работи, за „Мајкрософт" ова прашање е од голема важност и му посветуваме огромно внимание. За таа цел, сите наши платформи во облак, подлежат на ригорозни правила, проверки и на сертификација од надворешни компании, за кои имаме соодветни сертификати. Дел од најважните карактеристики на платформата во облак на „Мајкрософт" се:

  • Пристапот до податоците е ограничен само на корисниците на сервисот;
  • Во секое време имате информација што се случува со податоците и каде се наоѓаат;
  • Начинот на складирање, управување и на трансфер на податоците е комплетно безбеден и во согласност со правилата на Европска унија, кои се транспонирани и во нашето законодавство (EU Model Clauses). Во нашите договори за користење на сервисите, постои посебна клаузула во која експлицитно е наведено дека податоците нема да ги напуштат границите на ЕУ;
  • За да се задоволи сообразноста, поседуваме голем број сертификати, издадени од надворешни компании, како, на пример, ISO/IEC 27018:2014, ISO/IEC 27001/27002:2013, PCI DSS Level 1, UK G-Cloud, CSA CMM, CDSA.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...