Непишано правило во која било индустрија е дека дисруптивните сили постојано се во игра и го менуваат начинот на кој компаниите размислуваат за технологијата, го водат бизнисот и гледаат кон иднината. Тоа важи и за логистичката индустрија
Извор: https://www.cleo.com/
Од нови технологии за истражување до промена на стратегиите и тактиките... постојат многу аспекти што треба да се разгледаат. Логистичките компании мора да останат во чекор со релевантните и нови трендови за да бидат конкурентни. Компаниите што успеваат се истите тие што ги прифаќаат најновите трендови и предизвици во логистичката индустрија и ја користат технологијата на начин што им овозможува поголем профит.
Во продолжение се претставени десетте главни трендови во логистичката индустрија во 2023 година.
Бизнисот се развива побрзо од кога било поради постојаниот технолошки напредок. Компаниите и нивните синџири на снабдување мора да бидат многу вешти доколку сакаат да (о)станат конкурентни во денешното дигитално опкружување. За да постигнат агилност на синџирот на снабдување, логистичките компании можат да ја искористат моќта на самоуправувачкиот онбординг (onboarding – процес на интеграција на новите вработени и клиенти во организацијата и нејзината култура) и управувањето со промените и исклучоците.
Самоуправувачките услуги им овозможуваат директна и практична контрола на бизнисите, наместо за одредени задачи да се потпираат на надворешни субјекти. Истото се однесува и за менаџирањето со промените и исклучоците. Несогласувањата на податоците, неправилно кодираните полиња за нарачки и неточните нивоа на резерви може да бидат многу штетни за бизнисот. Со прифаќањето на самоуправувачкиот онбординг компанија може да ги реши проблемите веднаш штом ќе се појават, со што нивното влијание врз бизнисот би било минимално.
Компаниите што успеваат се истите тие што ги прифаќаат најновите трендови и предизвици во логистичката индустрија и ја користат технологијата на начин што им овозможува поголем профит.
Автоматизацијата е клучен ресурс за современите бизниси бидејќи ги намалува трошоците и ја зголемува ефикасноста, а дополнително го ослободува и персоналот за да врши други, попродуктивни активности. Логистичките компании можат да ја искористат моќта на автоматизацијата со имплементација на различни системи – од WMS (Warehouse management system) и ERP (Enterprise resource planning), до различни решенија за е-трговија.
Како резултат на имплементацијата на повеќе платформи и системи во деловните процеси, компаниите денес имаат пристап до најмногу податоци досега. Податоците се исклучително корисни при донесувањето деловни одлуки. Од друга страна, со зголемениот број апликации и платформи, податоците се прошируваат на различни страни.
Интеграцијата на WMS/ERP-решенија може значително да го поедностави протокот на податоци со автоматски пристап и доаѓање до клучните информации што се потребни за бизнисот. Со рационализирани текови на податоците се оптимизираат оперативното следење, управувањето, прогнозирањето, контролата на квалитетот и испораката.
„Амазон“ има огромно влијание врз однесувањето и очекувањата на потрошувачите. Едно од влијанијата на т.н. „амазон-ефект“ е тоа што трговските партнери и потрошувачите сега очекуваат постојано ажурирање на локацијата на нарачката и времето за испорака.
За да обезбедат ажурирање на статусот во реално време за купувачите, логистичките компании треба да размислат за интеграција на нивните WMS/ERP-решенија со платформите за транспарентност на синџирот на снабдување (на пример, project44 или FourKites). Интегрирањето на платформите ќе ѝ овозможи на компанијата да ги следи пратките на нарачките и да го ажурира нивниот статус во реално време. На тој начин купувачите ќе бидат информирани во текот на целиот процес на испорака.
Интеграцијата на WMS/ERP-решенија може значително да го поедностави протокот на податоци со автоматски пристап и доаѓање до клучните информации што се потребни за бизнисот
Логистичките компании секојдневно работат со безброј варијабли. Видливоста во реално време во синџирите на снабдување е од суштинско значење за тие да бидат организирани и да управуваат со нивниот бизнис. Еден начин да го постигнат тоа е преку интеграција на EDI (Electronic Data Interchange) и API (Application programming interface).
Кога интеграцијата е правилно направена, EDI и API функционираат заедно и обезбедуваат подобра видливост на синџирот на снабдување, а може да помогнат и при онбординг. Интеграцијата на API дава подлабок увид во B2B-процесите во дигиталниот екосистем, додека EDI помага да се покренат и да се оркестрираат деловните процеси.
На пример, EDI може да се користи за процесите за нарачка, испорака и исполнување, а API може да се користи за следење на пратката, ажурирање на статусот и управување со залихите. Кога се користат во тандем, двете технологии се надополнуваат една со друга обезбедувајќи сеопфатен поглед на синџирот на снабдување.
Со порастот на популарноста на е-трговијата и побарувачката за побрза испорака, од логистичките компании се бара почесто да прават количински помали пратки. Причината за тоа е што компаниите немаат време да чекаат додека не добијат доволно нарачки за целосен товар. Едно од решенијата е LTL, метод со кој еден превозник се полни со повеќе помали нарачки од различни компании, при што се добива целосен товар, кој потоа се дистрибуира на повеќе станици за испорака. LTL има бројни придобивки:
Целосната автоматизација и модернизацијата на EDI во голема мера може да ја зголемат продуктивноста на работниот тек. Кога процесите се мапираат во автоматизиран работен тек, луѓето се отстранети од равенката. Тоа значи дека нема да се чека човекот да ја заврши задачата пред да се случи следниот чекор во процесот. Наместо тоа, технологијата се користи за брзо и прецизно да го изврши секој чекор.
Без автоматизација од почеток до крај и модернизација на EDI, човекот би морал рачно да ја заврши секоја задача, за што би било потребно многу повеќе време. Денес сè повеќе бизниси прифаќаат и бараат од нивните трговски партнери да користат EDI, што ги поттикнува логистичките компании да имплементираат иновативни и модерни системи. Во спротивно, тие ризикуваат да ги изгубат бизнис-можностите.
Едно од влијанијата на т.н. „амазон-ефект“ е тоа што трговските партнери и потрошувачите сега очекуваат постојано ажурирање на локацијата на нарачката и времето за испорака.
Овој вид интеграции сè повеќе ја зголемуваат својата популарност. Причината поради која логистичките компании се фокусираат на имплементација на интеграции базирани на API е затоа што апликацискиот програмски интерфејс врши обработка во реално време, наместо сериски. Со инкорпорирање на API, логистичките компании од купувачите ќе ги добиваат моменталните податоци и ажурирања во врска со нарачките и пратките.
Интеграциите базирани на API ги надополнуваат интеграциите на EDI, кои имаат тенденција да користат сериска обработка. Сепак, API-интеграциите не се целосна замена за EDI бидејќи бараат повеќе ресурси и приспособувања за поставување и управување. Затоа, компаниите се одлучуваат да ги надополнат интеграциите на EDI со инкорпорирање API.
Прогнозата на побарувачката е процес на процена на идната побарувачка на купувачите за производ или услуга врз основа на податоци и релевантни фактори. Логистичките компании можат да анализираат различни фактори – историја на продажба, сезонска продажба, економија, пазарни трендови, цени, конкуренција итн., за да ја одредат очекуваната побарувачка. Со тоа, логистичките компании можат подобро да се подготват и да планираат како да управуваат со ресурсите (вработените, материјалите, распоредот) и да работат поефикасно.
Предвидувањето на побарувачката може да се случи во различни фази на синџирот на снабдување. Тоа вклучува подигнување, транспорт и испорака. Колку е попрецизна прогнозата за побарувачката за секоја од овие фази, толку повеќе компанијата може да ги оптимизира своите операции.
Интеграцијата на API дава подлабок увид во B2B-процесите во дигиталниот екосистем, додека EDI помага да се покренат и да се оркестрираат деловните процеси.
Дигитални пазари за транспорт се дигитални мрежи на кои испраќачите и превозниците можат да се поврзат и да организираат транспорт. Тие им помагаат на испраќачите полесно да најдат превозници, а на превозниците им овозможуваат да пронајдат повеќе деловни можности. Тоа значи дека им помагаат на двете страни во преговорите за најдобрата цена за проектот.
За да се интегрираат со пазарот за дигитален транспорт, испраќачите и превозниците користат API. Тоа значи комуникација и размена на информации во реално време за забрзување на процесот.
Пазарите за транспорт им помагаат на логистичките компании да заштедат време и пари, со оглед на тоа што испраќачите можат да ги споредат времето на испорака, цените и услугите со повеќе превозници одеднаш. Овие платформи се корисни и за превозниците бидејќи им обезбедуваат поголем број потенцијални клиенти со кои можат да водат бизнис.
Со оглед на тоа што логистичките компании имаат повеќе апликации и платформи во нивните дигитални екосистеми, потребна им е алатка што ќе ги интегрира сите нивни внатрешни и надворешни системи. Решението за ова е интеграција на екосистемот. Тоа е стратегија што ги поврзува и интегрира клучните деловни процеси на компанијата со процесите на партнерите, со комбинација на B2B и EDI, интеграција на податоци и апликации и безбедни технологии за пренос на датотеки во една софтверска платформа.
Така, наместо да користат повеќе решенија за интегрирање различни платформи и трговски партнери, компаниите можат да користат една, сеопфатна интеграциска платформа. Тоа не само што ја намалува комплексноста на интеграцијата, туку помага и за минимизирање на грешките преку поедноставување на процесите и врските.
Заклучок
Денешната логистичка индустрија изгледа сосема поинаку отколку пред 10 години. Како би изгледала таа за 10 години?
За оптимално управување со синџирот на снабдување, во иднина се очекува приоритети на логистичката индустрија да бидат автоматизацијата, недостигот на работна сила и следењето во реално време преку API. Прифаќањето на најсовремените технологии е од клучно значење за компаниите да бидат глобално конкурентни во хиперконкурентната логистичка средина.
Големиот број глобални настани од 2020, 2021 и 2022 година го нарушија целиот синџир на снабдување, вклучувајќи ја и логистичката индустрија. Логистичкиот пејзаж е преполн со несигурност и дисрупција, но истовремено е и зрел за дигитална трансформација и за нови можности. Компаниите што успеваат во ова опкружување и ги прифаќаат трендовите ќе станат отпорни на следните глобални удари во синџирот на снабдување. Секоја логистичка компанија треба добро да размисли какво влијание можат да имаат тековните трендови врз нејзиниот бизнис.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.