Продажба

Е-продажба: Да се биде или не?

27 Jan 2021

Со појавата на таблетите и на паметните телефони електронската малопродажба влезе во нова, напредна фаза.

Image result for Дарко Васелиќ,Пишува: Дарко Васелиќ, менаџер за бизнис-развој за Словенија, Хрватска и БиХ во „Џонсон & Џонсон“

Е-трговијата е тренд што силно се развива во последните неколку години. Првенствено почна како истражување на новите можности за унапредување на малопродажниот бизнис, во време кога се појави брзата интернет-конекција на одредени пазари. Почетоците се однесуваа на претставување на понудата на малопродажните компании за подоцна тие исти веб-платформи да се претворат во апликации за е-трговија.

Со појавата на таблетите и на паметните телефони електронската малопродажба влезе во нова, напредна фаза. Појавата на овие уреди внесе револуција во начинот на развој на електронската малопродажба. Податокот кој укажува на значењето на паметните телефони е бројот на уредите во целиот свет, кој за периодот од 2007 до 2017 година е претставен на табела 1.

Најголем удел во порастот, но и најголемо значење за развојот на е-малопродажбата имаше оперативниот систем Android. Имено, откако оствари најголем подем на бројот на корисниците, на тој начин додаде и најмногу нови корисници на малопродажните веб-апликации. Уделот на оперативните системи за паметни телефони е прикажан на графикон 1.

Антиципирајќи го трендот на рапиден пораст на паметните телефони и на таблетите, трговците почнаа да ги приспособуваат стратегиите на е-продажбата, овозможувајќи им на сопствениците на овие уреди големи погодности за да го стимулираат овој начин на продажба. Tие што први тргнаа во таа насока веќе имаат голема корист. Сепак, таа корист не се рефлектира само на вредносната продажба (со оглед на тоа што овие уреди имаат значење и влијание врз одлуката на купување), туку и на процесот на купување. Влијанието, значењето и уделот во вкупната малопродажба што се одвива по пат на овие уреди се претставени на графикон 2.

Од графиконот е видливо дека сегашниот удел на продажбата преку мобилните телефони изнесува 10%. Тоа е голем удел, кој забрзано се зголемува. Сепак, тоа не е единствениот показател на значењето на мобилните уреди. Освен уделот во вкупната малопродажба, тие имаат и силно влијание врз купувањето. Забележуваме дека повеќе од 50% од купувачите додека се во продавницата, на мобилните телефони ја проверуваат понудата од исти или слични производи на интернет. Освен понудата, тие ги проверуваат и карактеристиките на производите што ги интересираат, коментарите на корисниците, како и сите други информации што може да се најдат на интернет, а може да помогнат при купувањето. Купувачите не ги користат мобилните уреди само додека купуваат, туку и пред купувањето, со што се информираат за производите, понудата, местото на купување, промотивните активности, исплатливоста и сл. На тој начин купувачите стануваат независни при донесувањето на одлуките, односно целосно подготвени за чинот на купување. Уште кога ќе влезат во продажниот објект, тие точно знаат што сакаат.

Повеќе од 50% од купувачите додека се во продавницата, на мобилните телефони ги проверуваат понудите од исти или слични производи на интернет, карактеристиките на производите, коментарите на корисниците, како и сите други информации што може да им помогнат при купувањето.

Во 2012 година електронската малопродажба сочинуваше околу 8% од вкупната малопродажба. Во рок од три години таа достигна до 10% од сè што се купува и продава во САД. Сепак, нејзиниот удел варира во зависност од категоријата. За поголемиот дел од FMCG-категориите, уделот на овој продажен канал заостанува во однос на просекот. На табела 2 е прикажана вредноста на електронската малопродажба на најголемите пазари.

Како и за повеќето економски прашања, значајно е да се анализира дистрибуцијата на електронската малопродажба според региони. Не е за изненадување што нејзиниот удел на развиените пазари е значително поголем. Една од причините за тоа е поголемата способност на трговците од тие пазари за поголеми финансиски влогови што се потребни за сериозните операции на електронската малопродажба. Втора значајна причина е технолошката оспособеност на одделни региони за воспоставување инфраструктури, потребни за е-трговијата. Третата причина е застапеноста на мобилните уреди кај жителите, со оглед на тоа што тие се предуслов на овој вид трговија.

Компаниите мора да сфатат дека мобилните уреди се од клучна важност. Единствено на тој начин можат да направат чекори, кои засега можеби би биле непрофитабилни, но наскоро ќе значат опстанок или пропаст.

Компаниите што сакаат да бидат фактор во електронската малопродажба во иднина мора денес да сфатат дека мобилните уреди се од клучна важност. Единствено на тој начин можат да направат чекори, кои засега можеби би биле непрофитабилни, но наскоро ќе значат опстанок или пропаст.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...