Пејачот Дино Мерлин и Coca Cola го официјализираа почетокот на тригодишната ексклузивна соработка во Босна и Херцеговина која ќе донесе „незаборавни моменти и радост“ на љубителите на музиката и на Coca Cola.
Соработката е официјализирана за време на Рамазан, односно во време на заедништво и собирање со најблиските, соопштуваат од компанијата.
Посебна нота на целата приказна и даваат стиховите на новата песна од претстојниот албум на пејачот во новата реклама на Coca Cola.
Секогаш сум верувал дека музиката ги поврзува луѓето, токму како што тоа го прави Coca Cola. Се радувам на се што нѐ очекува во оваа соработка и мислам дека ќе донесе многу магични моменти за сите нас, изјави Мерлин.
Како дел од оваа соработка, Coca Cola во БиХ ќе ја поддржи турнејата на Мерлин, а на потрошувачите и на обожавателите ќе им биде дадена можност да освојат влезници за некој од неговите концерти преку активации и промоции.
Оваа соработка е спој на две легенди, една која преку музиката донесува емоции и приказни за генерациите, а друга која повеќе од еден век е симбол на освежувањето, оригиналноста, радоста и заедништвото. Исклучително сме горди што Дино Мерлин е заштитно лице на новата камапња и што Coca Cola ќе биде покрај него во новото музичко патување, соопштуваат од компанијата.
Извор: Biznis.ba
Фото: Coca-Cola
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.