Компанијата „Карслберг“ лансира кампања во Шведска за одговорен риболов, во кој се повикува луѓето да не користат алкохол додека одат на риболов.
Риболовот е најголемата рекреативна активност во Шведска, која што е земја со едно од најдолгите крајбрежја во светот. Сепак, податоците од Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека давењето е трета водечка причина за ненамерна смрт во светот, а се смета дека алкохолот често придонесува за фатални несреќи за време на пловидба или риболов.
Кога станува збор за Шведска, истражувањето на компанијата покажа дека 41% од Швеѓаните се отворени за идејата да консумираат алкохол додека ловат риба, а 20% од испитаниците веќе го направиле тоа барем еднаш.
Со цел да го привлече вниманието на опасноста од консумирање алкохол за време на риболов, компанијата лансираше специјална мамка во форма на давеник.
Целта на оваа мамка е да служи како симбол за предупредување. Како еден од водечките шведски производители на пиво, ние треба да промовираме и да придонесеме за одговорно консумирање алкохол, изјави Каспер Даниелсон, директор за корпоративни прашања во „Карлсберг“ – Шведска.
Кампањата е лансирана во соработка со Здружението за зачувување на спортскиот риболов и рибарство на Шведска, додека профитот од продажбата на овие мамки ќе биде насочен кон зачувување на одредени видови на риби, како за проекти на насочени за зачувување на водните ресурси.
Извор: D drum
Фото: „Карлсберг“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.