Маркетинг

САД: „Пепсико“ лансира смарт лименка

04 Jul 2024

Компанијата „Пепсико“ во рамките на годинешниот фестивал за креации „Кан лионс“, ја претстави својата смарт лименка.

Како што објаснуваат од компанијата се работи за уред во облик на лименка Pepsi кој е опремен со екрани, сензори за движење и акцелерометри, кои имаат за цел да го подобрат искуството на купувачите.

Во следниот период брендот ќе го промовира овој уред во соработка со инфлунесери и други популарни личности нудејќи им на фановите на сокот Pepsi разновидни содржини кои ќе се фокусирани на фудбалот, забава и храна.

Брендот на компанијата „Гатораде“ исто така на фестивалот ја претстави  Ana, тренер за хидратација во вид на виртуелен асистент заснован на ВИ.

 Посетителите на фестивалот имаа можност да го пробаат новиот виртуелен асистент и да добијат совет во врска со хидратацијата, а Ana се очекува да се појави на пазарот на крајот на оваа или на почетокот на следната година.

 

 

Извор: Marketing Dive

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...